Лалана ја заврши кариерата
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Адам Лалана објави денеска дека стави крај на кариерата, на 37-годишна возраст.
Лалана порача дека ја завршува кариерата со огромно чувство на гордост и благодарност, пред сè на неговиот матичен клуб.
„Саутемптон … местото каде што сè започна и соодветно, каде што сè завршува. Тоа е клубот на кој му должам сè“, рече Лалана.
Минатата сезона Лалана од Брајтон се врати во Саутемптон, каде што ја почна својата кариера, настапувајќи за клубот од 2006 до 2014 година.
Во 2014 година, Лалана се пресели во Ливерпул, со кого ги освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.
„Горд сум на мојата кариера и не жалам за ништо. Ги прифаќам сите подеми и падови бидејќи тие ме обликуваа во тоа што сум. На сите што го направија ова патување толку посебно, на секој клуб и организација, тренерите, соиграчите и секако на навивачите – ви благодарам“, рече Лалана
Ново на Сител
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“
-
Психијатар тврди дека Раде Трајковски – Штекли има шизофренија и не треба да му се суди
-
Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици
-
Трите големи банки ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, вели Славески
-
Како ќе влијаат царините на Трамп врз македонската економија?
-
Паркингот на Клинички ќе има нов ценовник – Пациентите ќе плаќаат повеќе од сега, но помалку од вработените!
-
Ќе се стави ли клуч на врата на 13 сеизмолошки станици во државата?