-->
-->
Лајмер нов играч на Баерн
-->
Фудбалерот од средниот ред Конрад Лајмер стана играч на Баерн, објави денес официјалниот сајт на германскиот клуб.
Дваесет и шестгодишниот австриски фудбалер како слободен играч се пресели во клубот од Минхен. Договорот на Лајмер со Баварците е до 30 јуни 2027 година. Претходно, играчот од средниот ред настапуваше за Лајпциг.
Во сезоната 2022/23, Лајмер забележа 29 настапи за Лајпциг, постигнувајќи четири гола и една асистенција.
Лајмер е проценет на 28 милиони евра од „Transfermarkt“. На 26 натпревари за австриската репрезентација постигна два гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи