Лајен предлага долгорочна помош за мигрантите во Турција
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека ќе предложи финансиската помош од Европска Унија за мигрантите во Турција од итна хуманитарна да се пренасочи како долгорочна поддршка.
ЕУ и Турција во 2016 година потпишаа Договор, според кој Унијата обезбедува финансиска помош за сириските бегалци во Турција, а за возврат, Анкара да го спречи влез на мигранти од нејзината територија во Грција.
И покрај критиките од групите за човекови права, Договорот се смета за модел за слични договори меѓу ЕУ и северноафриканските земји.
Лајен најави дека за Договорот со Турција ќе се разговара на Самитот на лидерите на ЕУ в четврток во Брисел.
– Според мене, важно е да продолжиме да ја поддржуваме Турција, каде што живеат 3,7 милиони сириски бегалци, а некои од нив се таму веќе десет години, посочи Лајен во Берлин по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа додаде дека поддршката на ЕУ треба да оди во насока на социо-економска помош и оти е важно мигрантите да имаат перспектива.
Меркел наведе дека Турција „прави одлична работа“ за поддршка на сириските бегалци. И таа најави дека лидерите на ЕУ ќе разговараат и за гаранциите претходно дадени од Унијата за царинска соработка со Анкара.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда