Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот
Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот.
Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари. „Обично не коментираме за преписките со партнерите.
Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија – тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.
Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.
Ново на Сител
-
Џабе пребарувате сигурно е киднапирана можеби и убиена, велел цело време таткото на Вања
-
Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС
-
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени
-
Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО
-
Силен земјотрес ноќеска ја погоди Грција
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи
-
Меси не ја исклучува можноста за учество на СП во 2026 година