Квинта и ЕУ повторно го осудија потегот на Косово: Загриженост за безбедноста на цивилите и сите останати на Косово
Земјите од Квинта и Европската унија повторно го осудија потегот на властите во Приштина и повторија дека дијалогот е единствениот начин за нормализирање на односите, јави дописникот на МИА од Белград.
Амбасадите на земјите од Квинта ја осудија одлуката на косовските власти за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, и покрај постојаните повици за воздржаност. Квинта и ЕУ очекуваат дека властите во Приштина нема да преземат никакви нови мерки за принуден пристап до општинските згради во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.
Како што се наведува во заедничката изјава на амбасадите на Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, САД (Квинта) и ЕУ во Приштина, избраните градоначалници треба да покажат воздржаност и да преземат „итни мерки за да покажат посветеност и одговорност да ги претставуваат и да им служат на сите членки на заедниците“, соопшти Еурактив.рс.
Во исто време, тие силно ги предупредуваат сите страни за други закани или дејствија кои би можеле да влијаат на безбедносното опкружување, вклучително и слободата на движење, и кои би можеле да поттикнат тензии или да промовираат конфликт.
-Посебно сме загрижени за безбедноста и благосостојбата на цивилите, полицајците, членовите на ЕУЛЕКС и КФОР. Новите еднострани дејства негативно ќе влијаат на односите со земјите од Квинта и ЕУ, се вели во соопштението.
Како што се посочува, Квинта и ЕУ нагласуваат дека дијалогот со посредство на Унијата е патот кон нормализирање на односите и пристапување во ЕУ. Тие ги потсетуваат страните заеднички да работат на следните чекори за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина од февруари и март годинава и конструктивно и искрено да учествуваат на претстојните средби за дијалог.
Ново на Сител
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас