-->
-->
Квалификации за ЛОИ: Франција со нов тим во Манила
-->
Квалификацискиот турнир на кој ќе се натпреварува Франција ќе започне на 5. јули во Манила, а само победникот ќе избори пласман на Олимписките игри. Франција е во Б групата заедно со Нов Зеланд и домаќинот Филипини, додека во А групата се Турција, Сенегал и Канада.
Франција во полн состав би била апсолутен фаворит на турнир во ваков состав, но селекторот Венсан Коле, изминативе денови добил потврда од неколкумина играчи дека нема да настапа во Манила.
Уште на почетокот на годината центарот на Јута Џез соопшти дека нема да настапи на квалификацискиот турнир, а изминатите денови неиграњето за репрезентацијата го потврдиле Николас Батум, Еван Фурније и Иан Махимни.
Околу играњето, односно неиграњето на олимписките квалификации сеуште не се изјасниле играчите на Сан Антонио, Тони Паркер и Борис Диао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори