Курти: Владата ќе ја заживее промената во Косово
Косовскиот премиер Албин Курти денеска информира дека викендот што помина, заедно со 17-те членови на неговиот кабинет, одржал работилница за изготвување на владината програма и планот на дејствување за идното четиригодишно владеење, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку својата официјална страница на Фејсбук, Курти информира дека на четири одделни сесии минатите два дена „детално се разработени стратешките цели, оперативните објективи и мерките кои ќе се преземат“.
– Граѓаните на Косово гласаа за промени. Со нивната волја тие ја овозможија промената, а со нашата работа Владата ќе ја заживее промената. Нашата владина програма ќе ги одрази барањата, правата и потребите на граѓаните, за чие исполнувње ќе се ангажираме посветено, порача Курти.
Тој најави дека наскоро, откако технички ќе се финализираат, програмата и планот на дејствување ќе се изнесат на гласање пред Владата, а потоа и пред Собранието за расправа и усвојување.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати