Македонија
6. February 2016 - 16:44

Курир: Оливер Спасовски избриша под со судот

Иако Управниот суд поднесе времена мерка и му забрани на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски незаконски да унапредува тој одлучил дека налозите од Зоран Заев се поважни и со поголем приоритет него судот, пишува Курир.

Во истиот ден без конкурс Спасовски врабтол новинар и наместо да склучи договор за приправнички стаж, му  е дадено началничко место.  Тој незаконски ги разрешил и првите луѓе на Единицата за прв одговор и интервенција Алфа и од автопатната полиција  за на нивно место да постави партиски кадри, пренесува порталот.

Со новото незаконско решение, Бранко Ракиќ од инспектор раководител на смена во мобилна единица за патен сообраќај е назначен за началник во истата едниница, позиција со која се прескокани 8 нивоа. Примислав Димовски, пак, од виш инспектор во тим за обука во Единицата за специјални задачи е распореден во командант на „Алфите“, што претставува скок од 7 нивоа според систематизацијата на Министерството за внатрешни работи, пишува порталот.

Наспроти одлуките на Управниот Суд, Спаосвки не сака да ги коментир новите разрешувања и унапредувања.