Курц за Холокаустот: Австријците учествуваа во злосторствата и ќе се соочиме со историјата!
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, по повод Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, истакна денеска дека Австријците биле злосторници и учествувале во страшните злосторства, па подвлече дека борбата против антисемитизмот е приоритет на владата.
Тој, во соопштение, укажа на посебната историска одговорност, за која е свесна новата влада, посебно во годината на сеќање.
-Овој ден не потсетува колку е важно никогаш да не ги заборавиме тие злосторства. Со сеќавањето на бројните жртви на нацистичките расистички злосторства мора да ги подвлечеме вистинските последици по денешницната и иднината, како и да се соочиме искрено со својата историја, побара Курц.
Таа одговорност, како што нагласува, ја имаат посебно младите генерации.
-Во нашето општество не смее да има место за антисемитизмот, расизмот и сеењето омраза. Поради тоа е важно на таквите тенденции да им се спротивставиме поодлучно од кога и да е, апелираше Курц.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето