-->
-->
Куп на Македонија: Вардар убедливо до 1/8 финалето
-->
Екипата на Вардар успеа да се пласира во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија откако попладнево на Градскиот стадион во Тетово ја совлада екипата на третолигашот Скендербеу со 9:0 (5:0).
Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа: Дарко Глишиќ 16 минута, ЕвгенијНовак 21, Обрегон 25 и 70, Хофханес Хамбарџумјан 45 (пенал), Петар Петковски 45+2 и 66, Влатко Грозданоски 60 и 62.
Пласман во осминафиналето веќе имаат обезбедено: Работнички, Шкупи, Силекс, Ренова, Пелистер, Победа, Брегалница, Младост, Кожув, Новаци, Металург, Тетекс, Академија Пандев и Хоризонт Турново.
Последниот осминафиналист ќе биде познат следната среда (31.август) кога се игра дуелот меѓу Големо Коњари и бранителот на Купот Шкендија Тетово. Овој натпревар е одложен поради настапот на тетовската екипа во баражот од Лига Европа со белгиски Гент.
фото: www.fkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти