-->
-->
Куп: Интер го елиминира лидерот во калчото
-->
Фудбалерите на Интер, како гости, славеа над Наполи со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на италијанскиот Куп. Интер во последните 15 минути од натпреварот успеа да го сруши лидерот во Серија А со головите на Јоветиќ и Љајиќ.
Црногорскиот репрезентативец, Јоветиќ, го постигна првиот гол на мечот во 74.минута, а Љајиќ го постави конечниот резултат во 92.минута. Наполи во 88.минута остана со играч помалку, откако Мертенс го доби вториот жолт картон.
Интер во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Лацио и Јувентус, кој на програмата е вo среда.
Инаку во првото полуфинале ќе играат Милан и третолигашот Алесандрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори