Кунико Груп: Фени Индустри има квалитетен инвеститор
Фени Индустри има квалитетен инвеститор кој со поевтина струја и доволно капацитет ќе ги рестартира процесите и ќе ги сервисира долговите. Со повлекување на блокадите од банките, и сопирање на предстечајната постапка, инвеститорот ќе може да почне со рестартирање и сервисирање на своите обврски, порачуваат од Кунико Груп, сегашниот сопственик на Фени.
Во моментов, велат од Кунико Груп, инвеститорот не може да ги уплати средствата за плати и оперативно работење на сметка на Фени Индустри затоа што сите би биле повлечени од банките.
- Фени Индустри има сопственици, а тоа не се банките, кои обезбедија инвеститор што е спремен да ги инвестира бараните средства, но не во банките туку во производниот процес, вработените, и останатите доверители, да обезбеди поевтина електрична енергија, и да ги сервисира сите долгови кон останатите доверители, пред се компаниите и вработените кои живеат во Кавадарци и околината од разни услуги кон Фени, соопшти Кунико Груп.
Во целост се согласуваме, нагласуваат во соопштението, со констатацијата на банките за потребните 20 милиони евра за рестартирање на Фени Индустри.
- Фени Индустри се уште има сопственик кој диктира кој и на кого што ќе продава, и само тој сопственик може да одлучува што ќе прави со компанијата. Фени Индустри нема никава потреба од стечај, напротив компанијата е доведена во состојба на намалена задолженост констатирана од сите инстируции и финансиски показатели. Дури и сите лоши побарувања се избришани согласно законската регулатива во РМ, се порачува во соопштението.
Се прецизира дека банките не ги испочитувале договрите за репрограмирање на долговите.
- Самото покренување на блокадата на Фени Индустри, во синхронизирана акција на трите банки за помалку од 24 часа (и покрај постигнатите договори) наведува на нешто сосема друго, и поинаква намера на банките кои меѓу другото спаѓаат во групата на обезбедени доверители, заедно со уште една приватна компанија која е единствената обезбедена, и која во моментов го држи под залог повратот на ДДВ од кој може да се исплатат и платите и дел од побарувањата, се посочува во соопштението и се додава дека само во последните две и пол години им имаат исплатено над 40 милиони евра кон банките.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски