-->
-->
Кумановските пожарникари за 24 часа интервенирале во два случаи
-->
Кумановските пожарникари во изминатиот 24 часовен период интервенирале во два случаи.
Во текот на вчерашниот ден,соопштија од ТППЕ Куманово, пожарникарите успеале да локализираат пожар на нива со пченица во кумановско Лопате на површина од седум декари. Петте пожарникари со едно возило го локализирале пожарот за еден час од 13.25 до 14.25 часот.Причините и материјалната штета од пожарот не се познати.
Втората интервенција била на запалена сува трева на околу 2.000 метри квадратни на т.н „Говедарски Пат„ над Диво Насеље.На таа локација пожарот го локализирале тројца пожарникари со едно возило.Причината за овој пожар исто така е непозната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има