Кумановскиот театар со шест премиери во 2016
Кумановскиот театар годинава ќе реализира шест премиери, две комедии, драма, детска и две претстави на албански јазик.
Министерството за култура ќе ја поддржи реализацијата на две претстави-„Ревизор“ во режија на Андреј Цветановски, со чија подготовка театарот ќе почне кон крајот на февруари и „Бегај, еве ја жена ми 2“ во режија на Коле Ангеловски, чија премиера театарот ја планира за втората половина од годината, односно за затворање на фестивалот „Денови на комедија“.
- Тетатарот со сопствени средства ќе реализира две претстави, драма и детска претстава, изјави Симона Тоскиќ, продуцент во Кумановскиот театар.
Лани во Кумановскиот театар беа изведени седум претстави на македонски јазик, „Брачна игра“, „Жена од минатото“,„Грдиот“, „Мајката Храброст“,„Пинокио“,„
- Планираме и годинава да продолжиме со исто темпо бидејќи резултатите покажаа дека само со разновидност на репертоарот може да се одржи посетеноста која ја постигнавме, изјави Тоскиќ.
Ново на Сител
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат