Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на Сара Настеска од Охрид
Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15 годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж. Надлежните од театарот, соопштија установата, одлучила приходот од влезниците за претставата „Мани мани мани” да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.
–Ги покануваме кумановци да присуствуваат во вторник на претставата. Собраните средства ќе бидат донирани за Сара од Охрид. Театар Куманово сочувствува со семејството Настески и апелира секој кој има можност во зависност од условите да се вклучи во оваа донаторска акција, со цел да се обезбедат потребните средства за лекување на младата Сара Настеска, изјави продуцентот во кумановскиот театар, Симона Тоскиќ.
Претставата е работена според текстот на Реј Куни и е на редовниот репертоар на кумановскиот театар е на 30 октомври (вторник) во 20:00 часот. Претставата ја режираат Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Во комедијата настапуваарседум актери од кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Нина Максимова, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија
-
Денот на младоста - 25 мај одбележан во Кочани
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски