Македонија
30. August 2024 - 11:42

Куманово: Излетал од пат, па со автомобилот удрил во бетонска ограда и паркирано возило

На 29.08.2024 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Којнаре, кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.