-->
-->
Куманово го одбележа 11 Октомври
-->
Куманово со низа манифестации и свечености одбележува 74 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Бројни делегации предводени од Сојузот на борците, од општина Куманово, од кабинетот на претседателот на Ррпублика Македонија, Собранието, Владата, АРМ, МВР, Советот на општината, како и установи и институции кои го носат името 11 Октомври, политички партии, граѓански здруженија положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во градот.
Со свеченост беше одбележан Денот на востанието и Денот на Борецот, симбол на македонската борба за слобода.
Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски рече дека секој народ во својата историја има незаобиколни меѓници без кои не е можно да се создаде неговата иднина. - Еден од нив е исторскиот настан што се случи пред 74 години на овој ден. На 11 Октомври излегоа двата кумановски партизански одреди, карадачкиот и козјачкиот, со кои беше запален факелот на слободарската борба, рече во говорот Дамјановски и потесети на претходните настани од историјата на македонскиот народ.
Дамјановски подсети за жртвите дадени за денешната слобода. - Нивните имиња се вмрежани во мермерните плочи на овој споменик. Тие се тука како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор. Сведочат за славно и тешко време, но секогаш влеваат силна верба кај новите генерации во нашиот првоборечки град и се показател како кога ќе затреба се брани својата татковина, својот народ, како се бори за слободата, рече Дамјановски.
Тој истакна дека наша заложба е да се сочува плодот од нивната борба, мирот и стабилноста, слободата, стремежот за подобро утре.
На свеченоста беа присутни и Спиро Зафировски и Царевка Виличиќ, од Здружението на борците кои раскажаа за нивните почетоци при учеството во НОБ.
Општина Куманово овој ден го одбележува со културни и спортски манифестации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани