Македонија
30. August 2017 - 15:20

Кумановец загина на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка

Д.С. (26) од Куманово го загуби животот во сообраќајна незгода што се случи вчера на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во близина на место викано „Чешмиче“.

Како што соопшти МВР, незгодата се случила околу 06:40 часот откако Д.С. кој управувал „Опел Корса“, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, излетал од патот, удрил во сообраќаен знак и се превртел. Во тој момент испаднал од возилото и починал на самото место.

Увид изврши екипа од СВР Куманово.