-->
-->
Кумановец нападнат и претепан среде улица
-->
Вчера во 20 часот З.Б. (55) од Куманово пријавил во Полициската станица Куманово дека истот ден, во 17.50 часот, додека одел пеш заедно со лицето Г.М. од Куманово, на плоштадот пред бутик „Шкорпион“ одзади силно бил турнат од непознато лице, по што паднал на земја. Потоа кон него дотрчале уште три непознати лица кои физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото.
З.Б. се здобил со видливи повреди (скршеница на носна коска, видливи рани на главата, оток на десниот дел од лицето, потрес на мозокот) и укажана му е медицинска помош во Општата болница Куманово, каде е задржан на лекување. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата