Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ
Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Кијив, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Кијив ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“.
– Го почитуваме изборот на словачкиот народ. Сепак, прерано е да се каже како резултатот од овие избори ќе влијае на позицијата на Словачка. Треба да почекаме да се формира коалицијата и потоа, откако ќе го видиме нејзиниот состав, ќе ги донесеме првите заклучоци, истакна Кулеба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што се одржува во Кијив.
Партијата Смер-социјалдемократија, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, планира да ја прекине воената помош за Украина и ги критикува ЕУ и НАТО. Фицо, за време на изборна кампања, вети дека Словачка нема да испрати „ниту еден куршум“ во Кијив и повика на подобри врски со Русија.
Словачка е меѓу земјите кои обезбедија најмногу помош за Украина.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер