Свет
3. September 2016 - 9:55

Куче преживеало девет дена под урнатини од земјотресот во Италија

Италијански спасувачи извлекле на површина жив златен ретривер кој девет дена било под урнатини во близина на Аматриче, по земјотресот што го погоди централниот дел од Италија.

Пожарникари слушнале лаење на куче по име Ромео којепо извлекувањето од урнатините делувало избезумено, но по неколку чекори веќе мрдало со опашката.

Пожарникарите го пронашле кучето додека со неговите сопственици пребарувале урнатини од нивната куќа во потрага по најосновни работи што можеле да се спасат.