КСС решава дали ќе продолжи со најавените протести
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го прекина за денеска најавениот протест во центарот на Скопје, поради, како што тврди, притисоци врз членството, по што доцна попладнево одржува состанок на раководството на кој одлучува дали од утре ќе продолжи со најавените протести.
КСС претходно најави дека од денеска ќе организира секојдневни протести во периодот од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата, барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.
Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.
Претседателот на КСС Благоја Ралповски во изјава за МИА рече дека засега немаат најава за средба во Владата.
– Остануваме на нашите барања. Секојдневно ќе протестираме. Членството е крајно разочарано и се чувствува изманипулирано. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, вели Ралповски.
Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост