-->
-->
Крвава тепачка во Тетово: Момче со скршен череп се бори за живот
-->
Синоќа во 20,45 часот во ПС-Тетово телефонски било пријавено дека на ул.“Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на угостителски објект е нарушен јавниот ред и мир.
Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш.(1996) од Тетово и Л.С.(1997) од с.М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале А.И. (1995) од с.Желино, при што му нанеле тешка телесна повреда во пределот на главата - пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактица.
А.И. се упатил во КЦ-Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.
Во 23,45 часот А.Ш. и Л.С. се пронајдени, лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот.
По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси