Крвав данок од играта „Син кит“: Руски студент го закла професорот, се фотографираше со телото, па се самоуби
Андреј Јемљаников, 18 годишен студент го закла 44 годишниот професор Сергеј Данилов, направи селфи со телото, а потоа си пресудил и самиот.
Крваво убиство и самоубиство беа завршница на играта „Син кит“, каде учесниците мора да извршат 50 задачи, јавуваат руските медиуми.
Овој крвав настан се случи на Политехничкиот колеџ на западот на Москва на пауза меѓу предавањата, соопшти руската полиција. Се претпоставува дека Андреј убиството го планирал подолго време со оглед на тоа дека под своите објави на форумот напишал „11117“, што би можело да означува 01.11.2017, односно датумот на убиството.
На местото на злосторството пронајдени се нож и електрична тестера. Учениците велат дека го сакале професорот Данилов, затоа што бил многу добар педагог. Позади него тој остави сопруга и две деца.
Ново на Сител
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче