Крушево се подготвува за големиот Илинден и за бројни манифестации
Во Крушево во ек се последните подготовки за големиот празник Илинден и за манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“. Интензивно се чисти на Мечкин Камен каде ќе биде и централното чествување на 2 Август.
Јавното комунално претпријатие „Комуна“ е ажурно: работеше на уредување на улиците во градот. Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, деновиве се очекува да се уредедат и ичистат магистралните и регионалните патишта кои водат до Крушево.
-Работевме на поголемите улици во градот и на „Гумење“ и привршуваме на Мечкин Камен. Наредниве денови очекуваме да се уредуваат магистралните и регионалните патишта за подобар пречек на гостите и посетителите кои доаѓаат во Крушево за големиот празник. Нѐ очекуваат многу настани и мора да бидеме подготвени за пречек на илјадници туристи во текот на цел август, изјави Христоски.
Во Крушево, во моментов се одржува меѓународното првенство во параглајдерство „Флајмастер опен“, на 26 и 27 јули е манифестацијата „Крушево будно“, од 26 до 28 јули ќе се одржуваат „Меѓународни денови на влашкиот народ“, а од први до 10 август се Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. Од 5 август почнува светското првенство во параглајдерство. Сиет манифестации се очекува да донесат голем број туристи и посетители.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД