Кромидот и лукот не треба да се чуваат предолго во замрзнувач
Правилно складирани во замрзнувач, овошјето и зеленчукот може да потраат со недели. Но, лукот и кромидот не сакаат предолго на ладно…
Кромидот апсорбира повеќе влага во фрижидерот и затоа побрзо се расипува. Скробот, на пр., во студена и влажна средина, побрзо се претвора во шеќер и кромидот почнува да скапува. Што се однесува до лукот, причините зошто не е добро да се чува во замрзнувач се малку поразлични – чувањето лук во замрзнувач поттикнува ’ртење, коешто не е штетно, ниту нездраво, но тоа е знак дека лукот веќе не е толку квалитетен како порано.
Како да се чува кромид и лук?
Наместо во замрзнувач, кромидот треба да се чува на ладно, но суво и добро проветрено место. Влагата или недостатокот на циркулација на воздухот ќе го забрза процесот на гниење. Сонцето пак, поттикнува ’ртење на кромидот. Ако се чува правилно, кромидот може да трае околу 30 дена. Главата кромид што е излупена, но цела, во фрижидер може да трае 10 – 14 дена. Излупениот и сецкан кромид, може и треба да се чува во замрзнувачот, но тој трае околу 7 до 10 дена.
Лукот треба да се чува на ист начин – на ладно, суво и добро проветрено место, но лукот ќе трае подолго отколку кромидот, односно 3 – 5 месеци.
Ново на Сител
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"