Кризниот штаб со одлука за превозот на мигрантите
Железницата останува приоритетен транспорт за мигрантите. Поради нивниот намален број ќе сообраќа само еден воз дневно, а другите ќе ги транспортираат приватните превозници, такси возила и автобуси.
Тоа е заклучокот од седницата што синоќа ја одржа Кризниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), информира Надица Вчкова, портпарол на ЦУК.
Одлуката на Кризниот штаб е времена мерка и зависно од бројот на мигрантите ќе се утврдува и бројот на возовите што ќе ги превезуваат.
Приватни превозници веќе четири дена ја блокираат пругата Гевгелија-Табановце со барање за, како што велат, нивно поголемо учество во превозот. Деблокирање на пругата денеска побараа раководствата на четири синдикати во „Македонски железници“ со образложение дека трпат финансиски штети кои можат да се одразат на исплатата на платите.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени