Кривични пријави за татко и син од Штип за одгледување канабис
СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против С.Ѓ.(59) и неговиот син Т.Ѓ (37) од Штип осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти МВР, по претходно добиено оперативно сознание дека Т.Ѓ (37) одгледува насади од канабис сатива во кратовското село Татомир, полицијата од Кратово извесен период преземала мерки и вчера рано наутро на самото место го лишила од слобода неговиот татко С.Ѓ, кој дошол за да ги полие насадите, и С.С (48) - таксист од Штип кого С.Ѓ го ангажирал трипати во неделата да го вози од Штип до селото Татомир.
Увидната екипа на СВР Куманово на местото нашла и запленети вкупно 71 насад канабис сатива во големина од 1 метар до 2,3 метри кои се откорнати и со потврда се одземени заедно со пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на растенијата и шприцеви.
- По наредби на Основен суд Штип е извршен претрес во домовите и помошните простории на С.Ѓ и Т.Ѓ, при што од домот на Т.Ѓ со потврда се одземени: најлонска ќеса со непозната растителна зелена материја, семе од непозната растителна материја, луле со дробалка, четири пакувања со ризли, дигитална вага, дурбин, ловечки патрон, два куршума 7,62 мм и куршум за гасен пиштол. Во останатите простории се пронајдени и одземени: три засадени стебла со должина од 145 см, 185 см и 190 см, девет грама растителна материја, 15 стари метални монети, а во лозјето, сопственост на пријавените, се пронајдени и одземени две засадени стебла канабис во должина од 90 см и 100 см, информира МВР.
На С.Ѓ по спроведена постапка од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а Т.Ѓ не е приведен зашто извесен период престојува во Германија или во Белгија.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот