Кривични пријави за рибокрадци од Охрид
Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривични пријава против две лица, Е.З.(31) и Е.З. (27) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Првопријавениот Е.З. се товари и за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.
Според полицијата, на 16 јуни оваа година околу 18 часот пријавените во водите на Охридското Езеро кај месноста „Грашница”, поставиле риболовна мрежа „крапарка“ во должина од 80 метри со цел незаконито да ловат риба. Тоа го направиле иако знаеле дека во тој период, поради мрест е забранет секаков вид риболов.
Нелегално поставената рибарска мрежа истиот ден била забележана од страна на рибочуварите на концесионерот на Охридското Езеро, по што согласно Законот за рибарство и аквакултура, биле преземени мерки за вадење на мрежата.
Забележувајќи го тоа пријавените со чамец се упатиле кон пловилото на двајцата овластени службени лица. Притоа првопријавениот Е.З. на двајцата рибочувари им упатил сериозни закани дека ќе ги нападне, ќе им ги запали возилата и ќе им наштети на нивните деца. Веднаш потоа почнал да фрла со камења со што на двајцата рибочувари им ја загрозил сигурноста при вршење на службата.
Двајцата пријавени се познати сторители на кривичното дело „незаконит риболов“, за што повеќе пати се казнувани со затворски и парични казни.
Ново на Сител
-
Барселона му го продолжи договорот на Иниго Мартинез
-
Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција
-
Менди ќе отсуствува еден месец поради повреда
-
Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС
-
„Европска правда“: Украина во Џеда ги кажа црвените линии - не се откажува од членството во НАТО
-
Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, вечер настапува во Скопје
-
Висинатa нa минимaлната платa oстанува oтворено прашање, се чека седница на ЕСС
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност