Кривични пријави за 11 лица во рамки на акцијата „Гора“
Единицата за економски и компјутерски криминал во март поднела 11 кривични пријави против 11 лица за сторени 11 кривични дела од кои осум дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно дело „пустошење шума“. Кривичните пријави единицата ги поднела постапувајќу по ОА ГОРА.
Како што соопшти МВР, во врска со кривичното дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ кривично се пријавени лицата Ф.Ш. (32), А.М. (30), М.Д. (58), С.Ш. (37), М.Н. (27), И.М. (50), Н.С. (33) и А.Д. (27). Пријавените во повеќе наврати со товарни возила вршеле транспорт на дрва, иако непоседувале лиценци за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадени од Министерството за транспорт и врски.
За кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ кривично се пријавени лицата З.Г. (55) и С.Д.(51) и двајцата вработени како шумски полицајци во Шумска полициска станица Скопје. Тие иако како дел од шумско-полициска патрола извршиле во повеќе наврати контрола, и констатирале прекршоци согласно постоецките нормативи, сепак на прекршителите им ги вратиле товарните возила и дел од дрвната маса.
Исто така за кривичното дело „пустошење на шума“ пријавен е Н.Б. (48) кој што во атарот на општина Сарај противправно сечел дрвна маса од туѓа катастарска парцела.
Ново на Сител
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан