Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР
Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, по што ќе биде поднесена кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.
МВР денеска соопшти дека врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, по изврешените претреси од слобода се лишени шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола. За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.
- При претресите се пронајдени и одземени четери возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела. МВР според предходно одземени 5 патички моторни возила и сообрани материјални докази ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е се уште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на предходна постапка, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев