Кривична пријава за тетовец за несовесно работење во служба
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба“.
- Пријавениот, по законските измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник“ бр.302 од 18.12.2020), согласно кои оспособувањето на кандидатите за возачи за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди и издавање на потврди го врши Црвениот крст на Република Северна Македонија, продолжил сѐ до месец мај 2021 година, преку неговата приватна здравствена установа да врши оспособување на кандидатите за возачи за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди и да издава потврди за тоа, информира МВР.
Како што информира МВР, во овој период правниот субјект издал околу 2.000 вакви потврди кои биле евидентирани со невалидни датуми пред 18.12.2020 година, односно пред законските измени. Од извршените проверки во приватната здравствена установа и увид во службената документација од Црвениот крст, исто така било констатирано и дека приватната здравствена установа не го запазувала законски одредениот временски период и просторните услови за спроведување на обуката на кандидатите за возачи за теоретска и практична настава за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди, како и дека за издадените потврди за завршена обука наплаќале пониска од реалната цена на уверението за завршена обука издадено од Црвен крст, со што го оштетиле Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала