Кривична пријава за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.И.(28) од с.Полето, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик.
На 19.02.2024, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три различни монети за кои по извршено вештачење и стручна идентификација било утврдено дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство. Во домот биле пронајдени и куршуми со различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?