Македонија
3. December 2019 - 21:43

Кривична пријава за двајца охриѓани за дрога

Полициска станица Гевгелија поднесе кривична пријава против В.К.(27) и С.Б.(28), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен преглед од страна на полициски службеници на 12.07.2019 во Стар Дојран, на ул.„Маршал Тито“, околу 19.30 часот, кај пријавените, како сопатници во патничко возило „пежо“, била пронајдена марихуана.