-->
-->
Кривична пријава за бесправно градење за охриѓанец од Пенсилванија
-->
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија, САД.
Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во мај годинава, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор почнал да врши градба на индивидуална станбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење.
- Службени лица од Градежниот инспекторат-Охрид извршиле увид, за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување, односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба, соопшти СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд