Кривична пријава за 13 лица од струмичко кој претепале полицаец
Поднесена е кривична пријава против 12 лица од струмичкото село Баница и против едно лице од струмичкото село Градско Балдовци, осомничени за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата од Секторот за внатрешни работи Струмица денеска ги лишила од слобода: С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, и М.Ѓ. (23) од струмичкото село Градско Балдовци.
Тие се сомничат дека вчера во 23 часот во село Баница насилнно запреле цивилно полициско возило „шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица, кој во моментот извршувал службени задачи.
-Најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева
-
Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
-
Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка
-
Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
-
Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари