-->
-->
Крива Паланка ќе издвои 62 милиони денари за водовод и канализација во 2016
-->
Во 2016 година локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе инвестира 62 милиони денари за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациска мрежа.
Во оваа област веќе е отпочнат проектот „Водоснабдителен систем за висока лев брег на Крива Река-основна и секундарна мрежа со изградба на крак за водоснабдување на населба Маневци и населба „змаевац“ во село Дурачка река, кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски на РМ.
Подготвена и предадена е техничка документација за изградба на водовод за питка вода за маалите Просарци, Камењарци и Мачорци во село Луке и реконструкција и замена на дел од водоводниот систем во Крива Паланка изграден со азебстно-цементни цевки. Овие два проекти ќе се финансираат со средства од ЕБОР, преку Министерството за транспорт и врски. Преку Владата на РМ и ЕБОР ќе се имплементира и долгорочниот проект „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
Со средства од други извори предвидена е и доизградба и санација на водовод во село Варовиште, доизградба и санација на водоводите во село Конопница, како и поврзување со главна водоводна мрежа на постоечкиот селски водовод во Конопница и поврзуавње на високата зона од населбите Домачки Дол и Баглак со резервоар и мрежа.
Во 2016 година ќе се изгради канализациска мрежа Дурачка Река, преостанат дел од канализација во село Мождивњак (главна мрежа), канализација долж магистралнито пат во село Длабочица, во делови од село Конопница и во село Жидилово. Исто така ќе биде инвестирано и во доизработка на техничка документација за колекторски систем до пречистителна станица за отпадни води, фекална пречистителна станица на град Крива Паланка, проекти а канали град Крива Паланкаација во населба Грамаѓе, село Градец-меовски ливади и други.
За изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа се предвидени финансии од 38 милиони денари, додека 24 милиони денари ќе бидат инвестирани во канализациска мрежа. Средствата ќе бидат обезбедени од Владата на РМ, Проект за водоснабдување и одведување отпадни води, Агенција за поддршка на руралнито развој на РМ, од сопствениот буџет на општина Крива Паланка и со учество на Јавното претпријатие „Комуналец“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид