Крива Паланка доби прв парк за миленици
На локацијата кај спортскиот комплекс во Крива Паланка изграден и уреден е првиот парк за миленици во општината. Со буџетски средства од тригодишната Развојна програма на Општина Крива Паланка во висина од 3.800.000 денари уредени се 805 метри квадратни јавна површина, а освен паркот за миленици уредено е и ново урбано детско катче.
-На површина од 805 м2 на спортскиот комплекс опремено е детско катче со модерни реквизити и зип-лајн и уреден е првиот парк за миленици во градот. Најмладите добија ново детско урбано катче, 12-то во Крива Паланка, изградено и уредено за три години. Паркот за миленици содржи едукативна кула и бројни содржини за милениците.Инвестираме 3.800.000 денари од Развојната програма на Крива Паланка, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Со средства од истата програма се проектираат и уште осум нови детски урбани катчиња со спортски терени што е предвидено да бидат поставени и уредени во различни населени места, меѓу кои во Осичка маала, населба Бавчалк, Конопница местото Тополки и повеќе други места, со фокус на локалната самоуправа за овозможување подобри услови за забава и рекреација на најмладите жители на општината.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули