-->
-->
Крива Паланка ангажираше невработени лица за јавни работи
-->
Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ангажира невработени лица со ниски квалификации за извршување јавни работи.
Лицата се ангажирани согласно аплицикација по програмата на Агенцијата за вработување на Република Македонија за организирање на јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина, информираат општинските служби, посочувајќи дека за ангажирање лица во оваа програма е предвидена финансиска поддршка со вклучен персонален данок и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
- Ангажираните лица во изминатите неколку дена спроведоа целосно чистење на просторот пред автобуската станица и големиот маркет до неа. Една група работи на чистење на каналите и пропустите кои се наоѓаат од долот „Единство" кон Дреначка маала, кои беа целосно затворени и нефункционални, додека друга група започна со чистење на обрасната вегатацијата на патот и патеката позади Домот за култура и објектот на Територијална противпожарна единица Крива Паланка, велат од службата за информирање на локалната самоуправа на Крива Паланка.
Општина Крива Паланка има предвидено ангажирање на 12 лица, а во моментот се ангажирани седум лица кои извршуваат јавни работи на територија на општина Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба