Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
Потенцијалното патување на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија, кое би можело да се случи во следните неколку недели, нема „никаква врска“ со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во оваа фаза не е планирана средба меѓу двајцата лидери“, додаде Песков.
Пред два дена, Трамп рече дека можеби ќе ја посети Саудиска Арабија, што ќе биде негово прво патување во странство откако се врати во Белата куќа во јануари.
Во февруари, Трамп посочи дека најверојатно ќе се сретне со Владимир Путин во Саудиска Арабија, без да наведе конкретен датум. Оттогаш, Саудиска Арабија е домаќин и на разговори во врска со војната во Украина.
„Рускиот претседател во моментов нема планови за таква средба. Ништо не е јасно утврдено – ниту датумот, ниту местото за евентуална средба меѓу Путин и Трамп. Продолжуваме да одржуваме контакти на различни нивоа и преку различни канали“, додаде Песков.
Ново на Сител
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје