Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
Потенцијалното патување на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија, кое би можело да се случи во следните неколку недели, нема „никаква врска“ со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во оваа фаза не е планирана средба меѓу двајцата лидери“, додаде Песков.
Пред два дена, Трамп рече дека можеби ќе ја посети Саудиска Арабија, што ќе биде негово прво патување во странство откако се врати во Белата куќа во јануари.
Во февруари, Трамп посочи дека најверојатно ќе се сретне со Владимир Путин во Саудиска Арабија, без да наведе конкретен датум. Оттогаш, Саудиска Арабија е домаќин и на разговори во врска со војната во Украина.
„Рускиот претседател во моментов нема планови за таква средба. Ништо не е јасно утврдено – ниту датумот, ниту местото за евентуална средба меѓу Путин и Трамп. Продолжуваме да одржуваме контакти на различни нивоа и преку различни канали“, додаде Песков.
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени