Македонија
2. January 2016 - 13:05

Кражба во црква во Тетовско Волковија

Во временски период од 15 декември 2015 година до 1 јануари годинава на м.в.“Чука“ атар на с.Волковија, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св.Ѓорѓија“, при што се одземени околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци. 

Како што соопшти МВР, непознатиот сторител преку покривот на црквата влегол во канбанаријата и низ незаклучената врата по скали влегол во црквата. Потоа од ѕидот ја откорнал касата, по што извршил пребарување и претурање по фиоките, ги одзел наведените предмети и го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.