Краткиот филм „Брат за еден ден“ со aзиска премиера во Индија
Краткиот филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ, во копродукција на Лунар и Дрим Фектори, ќе има азиска премиера во официјалната натпреварувачка селекција на Интернационалниот фестивал на кратки филмови во Делхи, кој започнува на шести ноември.
Филмот е финанскиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.
„Брат за еден ден“ во изминатиот период учествуваше во официјалните селекции на „Fish Еye Film Festival 2016“ во Англија, а ќе продолжи и на фестивалот „Balkan Beyond Borders 2016“
Филмот „Брат за еден ден“, како што информираат од Лунар и Дрим Фектори, на прв поглед изгледа дека е приказна за различни националности. Главните улоги ги толкуваат седумгодишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски. Филмот е снимен минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: директорот на фотографија Димо Попов, монтажерот Ванчо Мираковски, сценографот Влатко Зафировски, костимограф е Раде Василев, автор на музиката Оливер Димитров, снимател и дизајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов.
Режисерот Стојан Вујичиќ во меѓувреме го заврши својот нов краток филм „Допир” кој својата премиера ќе ја има на фестивалот Синедејс 2016 во Скопје, а го подготвува и своето деби, целовечерниот игран филм „Стела“.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница