Красниќи изведен пред судија на претходна постапка во Хаг
Поранешниот претседател на косовскиот Парламент и поранешен портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи денеска во Хаг е изведен пред судија на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово за да се запознае со обвинението што го товари за голем број воени злосторства на Косово.
На рочиштето присуствуваат и специјализираниот обвинител Џек Смит и неговите помошници, додека бранителот на Красниќи учествува преку видео врска со Куала Лумпур, бидејќи таа не беше во можност да дојде во Хаг поради ситуацијата со Ковид – 19.
Откако ќе му биде прочитано обвинението, судијата Николас Гилу ќе го повика Красниќи да се изјасни за виновен за обвиненијата против него.
Тој може да се изјасни за виновен веднаш или во рок од 30 дена, на ново рочиште.
Красниќи е еден од четворицата обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото на ОВК во периодот помеѓу март 1998 и септември 1999 година, заедно со Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои ќе се појават на суд подоцна денеска, утре и во среда, на посебни рочишта.
Како и другите тројца и тој е обвинет за командна и за индивидуална кривична одговорност за злосторства извршени од ОВК во Косово и северна Албанија.
Ново на Сител
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар