Краделе накит, уапсени две 18-годишни момчиња
Единиците за внатрешни работи Центар, Бит Пазар, Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднеле кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин.
Како што денеска информираа од МВР, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што, исто така, со употреба на сила од 61 - годишна жена одзеле личен накит.
- Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната