Крадец на дрва прегази полицаец
Вчера околу 01:00 часот, во с.Оризари, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во рамки на активности за откривање и спречување на бесправно сечење дрва, се обиделе да сопрат товарно моторно возило натоварено со дрва, управувано од Н.А.(43) од с.Бузалково. Но истиот на даден знак не застанал и се обидел да избега со возилото, стартувајќи го со голема брзина во правец кон полициските службеници. Истите со намера да го сопрат од огнено оружје испукале неколку истрели во пределот на гумите од возилото, при што Н.А. со возилото удрил во еден од полициските службеници.
Повредениот е пренесен во Медицински центар Велес за укажување на лекарска помош каде му е констатирана телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување, додека Н.А. е приведен и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка.Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите