Ковачки: Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум да продолжи согласно законите и Деловникот
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за Иницијативата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието за да се одржи Референдум и истакна дека очекуваат од владејачкото мнозинство да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа Иницијатива согласно законите и согласно Деловникот.
-Она што ние го очекуваме од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е да постапува согласно законите и согласно Деловникот односно согласно со неговите надлежности. Во текот на правењето на референдумското прашање се конслултирани голем број на правни експерти од областа. Очекуваме да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа иницијатива согласно законите и согласно Деловникот, речеКовачки.
Ковачки во текот на своето гостување потенцираше дека власта не треба да си игра со народот и треба да дозволи да се прашаат граѓаните дали се ЗА или Против Бугарскиот Договор со цел да се види во кој правец ќе продолжи државата.
-Едно е Собрание, нема повеќе Собранија во Република Македонија, тоа се знае кое е Собранието, така да тие ако сакаат да имаат некаква политичка волја да го опструираат секако дека тоа можат да го направат, меѓутоа да не бегаат од јавноста, да не си играат со народот, значи да дозволат едно референдумско изјаснување, да ги прашаме граѓаните дали се ЗА или ПРОТИВ Бугарскиот Договор со цел да видиме во кој правец ќе продолжи нашата држава,додаде Ковачки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица