Ковачевски: Владата бара решение за личните карти и пасошите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните документи, како личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции.
Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните документи, Ковачевски рече дека секоја иницијатива може да биде разгледана и дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.
- Ние во различни одвоени средби, бидејќи Уставниот суд е највисоката судска инстанца, имаме разговарано на поединечно ниво во однос на тоа, рече тој.
Премиерот информираше дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено 1.200.000 пасоши во државата, што, според него, значи дека се работи со големо темпо.
- Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки