-->
-->
Ковачевски: Се реализираат големи инфраструктурни проекти со поддршка на ЕБОР
-->

Како што информира владината прес-служба, на средбата присуствувал и заменик-претседателот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
Премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната поддршка на ЕБОР за Северна Македонија во реализацијата на приоритетните проекти и изрази уверување дека успешната и долгорочна соработка со банката ќе продолжи и понатаму.
На средбата било истакнато дека во наредниот период од посебен интерес ќе биде поддршката на инвестициите за постигнување економски раст, особено оние од областа на зелената енергија, патната и железничката инфраструктура.
-Енергетската криза особено покажа дека за нејзино надминување се значајни заеднички напори и инвестиции во енергетскиот сектор и обезбедување производство од домашни капацитети.
Проектите кои се изведуваат со финансиска поддршка од ЕБОР, како што е 10 мегаватната фотоволтаична електрана изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј, 30 мегаватни соларни фотоволтаици во РЕК Битола, како и поддршката за изградба на новата 400/110 киловолтната трансформаторска станица во близина на Охрид, се проекти што говорат за силното партнерство меѓу банката и Владата на Северна Македонија, се наведува во соопштението.

На средбата исто така било посочено дека природниот гас е клучен за економски развој на нашата земја и дека во таа насока поддршката за гасна интерконекција со Грција ги забрзува работите на изградбата на гасоводот на делниците Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево кои се финансираат со финансиска поддршка на ЕБОР.
Како што е наведено во соопштението, на средбата било истакнато дека за Северна Македонија од исклучително значење е поддршката на ЕБОР за рехабилитација на третата фаза од источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, последна делница Крива Паланка – граница со Бугарија, како и проектите за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Албанија и реализацијата на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце.
Учеството во поддршката на утврдените приоритетни области, било посочено на средбата, говори дека ЕБОР ги препозна како вредни капиталните инфраструктурни проекти во нашата земја и дека останува постојан партнер во забрзувањето на економскиот раст на Северна Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп