Македонија
7. February 2022 - 11:39

Ковачевски нема да ја користи премиерската вила на Водно

Премиерот Димитар Ковачевски се откажал од користењето на премиерската вила, пишува ТВ21.

„Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, не ја користи премиерската вила. Со семејството е во истиот дом каде што живееше и до сега. Нема побарано други привилегии“, изјавиле од Владата.

Инаку по завршување или прекинување на мандатот, на премиерот или претседателот на државата му следуваат шест лица обезбедување од МВР, возач и службен автомобил.